Илиев и Иванов комбинираа 21 гол, Бисинов не виде мака со Кичево

Амбициозниот прволигаш Бисинов од Велес ја оствари првата победа во новата сезона од прволигашката конкуренција откако славеше над Кичево со 42-19.

Гостите допатуваа само со десет ракометари на овој натпревар, но и покрај тоа одржуваа рамнотежа во првите десетина минути кога беше 5-5.

Потоа на теренот играше само еден тим. Најискусниот во домашниот тим Ивица Илиев го водеше Бисинов, кој на паузата имаше плус 12, 23-11.

Второто полувреме беше само формалност, тренерот Никола Бисинов им даде шанса на сите ракометари, но и покрај тоа водството само се зголемуваше.

На крајот најдобар стрелец во победничкиот тим беше Илиев со 11 гола, додека еден помалку даде Иванов. Во Кичево се истакна Стефаноски со девет гола.