Илиев даде 11 гола, Бисинов ги освои бодовите во Свети Николе

Тимот на Бисинов ја забележа третата победа во прволигашката конкуренција откако славеше кај Овче Поле со 36-29.

По 6-6 во првиот дел, велешани се серија од пет гола се одлепија на водство 11-6, а до паузата предводени од Ивица Илиев гостите имаа и плус десет, 21-11.

Кон средината на второто полувреме имаше мала криза во велешкиот состав, па домаќините успеаја да намалат и на минус три, 24-21.

Во периодот кој следуваше, црвени картони по трите исклучувања имаше за Динев во домашниот и Стојменов во гостинскиот состав, но велешани лесно си ја вратија предноста, ја зголемија и потоа рутински го приведоа мечот до крај.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Ивица Илиев со 11 гола, а по пет погодоци дадоа Филип Силјанов и Александар Стојменов. Во составот на Овче Поле, Димитар МИнов постигна осум, а по седум гола дадоа Борјан Цековски и Бојан Гичев.