ИХФ ја додели вајлд-картата, еве кој ќе игра на СП 2025!

Светската ракометна федерација ја додели последната вајлд-карта за Светското првенство 2025 година што ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.

ИХФ одлучи во корист на Швајцарија, што и беше за очекување, ако се знае дека во потесната конкуренција останаа Саудиска Арабија и Кина.

Иако во јавноста како фаворит важеше Србија, која исто така имаше одлични партии во баражот против Шпанија, сепак вајлд-картата ја доби селекцијата во чија држава се наоѓа и седиштето на ИХФ.

Покрај Швајцарците, од Европа барање за вајлд-карта кон ИХФ упатија и Србија, Црна Гора, Грузија, Грција…но сите ќе го гледаат СП на ТВ.

Македонија ќе биде учесник на Мундијалот, а ривалите ќе ги дознае на 29 мај.