Играчот што му ја донесе првата европска титула на Вардар оди во пензија!

Некогашниот член на Вардар, Иван Чупиќ, кој на „црвено-црните“ му ја донесе првата титула во Лигата на шампионите, најави крај на својата богата кариера.

Искусниот Чупиќ во интервју за хрватскиот портал „Спортске Јутарњи“ го потврди пензионирањето, но и понатаму ќе остане во ракометните води.

Чупиќ од следната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на „плинарите“, односно ќе биде асистент на првиот тренер Андрија Николиќ.

,,Во моментов почувствував дека како играч повеќе немам простор за напредок и тоа е главната причина да престанам да играм”, изјави Чупиќ за „Спортске Јутарњи“.

Десното крило во редовите на Вардар играше од сезона 2016/17, па до 2020/21, потоа направи трансфер во Загреб.

38-годишниот ракометар во 2017 година во големото финале против ПСЖ во Келн успеа да реализира во последната секунда за прва европска титула на Вардар.

Со Вардар ја освои титулата и во сезона 2018/19, во која исто така беше еден од најзаслужните за златото во ЛШ.

Чупиќ влегува во тренерски води, Загреб носи три бека!