Играчите „протестираа“, клубот го исфрлија од Супер лигата

Еден од најстарите клубови во БиХ, Челик од Зеница, го изгуби суперлигашкиот статус во тамошниот шампионат.

Ракометарите на Челик во следните три сезони нема да можат се натпреваруваат во најквалитетното натпреварување во БиХ, бидејќи босанската ракометна куќа одлучи клубот да биде исфрлен од Супер лигата.

Челик минатиот викенд не го одигра натпреварот од 8. коло против Коњух поради бојкотот на играчите, кои по вторпат решија да го искажат своето незадоволство  поради тешката финансиска состојба во клубот и невниманието на власите во градот Зеница.

Овој клуб на почетокот на месец ноември не го одигра натпреварот против Слога од Добој. За тие два неодиграни натпревари, клубот од Зеница освен отстранувањето од лигата, заработи и парична казна од 2.000 марки, односно 1.000 евра.

Како што наведуваат босанските медиуми, од први декември сите или поголемиот дел од спортските клубови ќе ја напуштат арената во Зеница и ќе мора да бараат алтернативно решиние.

Градската управа на Зеница не ги испочитувала договорите и обврските, па поради тоа Јавното претпријатие за стопанисување со спортските терени бил принуден да започне да им наплаќа на самите клубови за тренинзи и натпреварите.

Челик минатата година потпиша соработка со екс првакот на Македонија, Вардар.