ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО OД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 8 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Охрид и по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Прилеп, Пролет, Еурофарм Пелистер 2 и „сино-белиот“ тим од Автокоманда.

За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Супер лига, плеј-оф/аут 8. коло, резултати:

OХРИД – ВАРДАР 26-24
ТИКВЕШ – AЛКАЛОИД 23-30
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 38-28
ПРИЛЕП – СТРУГА 34-24
ПРОЛЕТ – РАДОВИШ 37-29
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – КУМАНОВО 27-25

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ/АУТ ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Дарко Ѓукиќ - десно крило - Охрид
25.00%
Петар Атанасијевиќ - лево крило - Еурофарм Пелистер
25.00%
Томислав Квастек - пивот - Прилеп
12.50%
Кристијан Давитковски - десен бек - Пролет
12.50%
Игор Ѓорѓиев - среден бек - Алкалоид
12.50%
Кристијан Пилиповиќ - голман - Охрид
12.50%
Мохамед Азиз - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

Голман: Кристијан Пилиповиќ (Охрид) – Чуварот на мрежата имаше одлична партија на мечот против Вардар.

Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Левото крило беше најдобар стрелец со осум гола во триумфот против Бутел Скопје.

Лев бек: Мохамед Азиз (Еурофарм Пелистер 2) – Беше меѓу најдобрите поединци во победата над Куманово.

Среден бек: Игор Ѓорѓиев (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец полека се враќа во форма по повредата и даде свој придонес во триумфот во Кавадарци.

Десен бек: Кристијан Давитковски (Пролет) – Искусниот десен бек беше меѓу најдобрите поединци против Радовиш.

Десно крило: Дарко Ѓукиќ (Охрид) – Српскиот репрезентативец му даде четири гола на македонскиот шампион и негов поранешен клуб.

Пивот: Томислав Квастек (Прилеп) – Кружниот напаѓач одигра одличен натпревар против Струга.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________