Традицијата продолжи и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможуваше во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ви дадовме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 14 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има тројца ракометари од Еурофарм Пелистер и по еден ракометар од Пролет, Прилеп, Охрид и Куманово.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 14. коло, резултати:
Плеј-оф
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД 32-28 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР 25-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ТИКВЕШ 29-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – СТРУГА 33-27 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
АЕРОДРОМ – ВАРДАР НЕГОТИНО 0-10 служ.
ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 31-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ГОЛДЕН АРТ – СКОПЈЕ 35-26 (ИЗВЕШТАЈ)
МУЛТИ ЕСЕНС – КУМАНОВО 27-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Иван Ангелески (Прилеп) – Чуварот на мрежата имаше важна улога во убедливата победа над Еурофарм Пелистер 2.
Лево крило: Гоце Ојлески (Охрид) – Стружанецот беше најдобар стрелец во триумфот над Тиквеш.
Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Капитенот на битолчани го водеше тимот до важната победа над вицепрвакот.
Среден бек: Ласко Андоновски (Пролет) – Искусниот среден бек беше предводник во победата над Струга.
Десен бек: Нејц Цехте (Еурофарм Пелистер) – Словенечкиот репрезентативец имаше важна улога во победата над тимот од Автокоманда.
Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Еурофарм Пелистер) – Десното крило постигна шест гола против „сино-белите“ од Автокоманда.
Пивот: Дарио Симоноски (Куманово) – Стружанецот беше меѓу најдобрите во важниот триумф во борба за директен опстанок во Супер лигата.