Репрезентацијата на Хрватска со победата над Чешка од 36:20 си го завери пласманот на Европското првенство 2026.
Хрватите, кои пред неколку дена славеа во Брно со 35:29, доминираа во текот на целиот натпревар, а победата ја најавија уште на полувреме, кое го добија со 17:9.
Марин Шипиќ и Филип Главаш со по шест погодоци беа најефикасни во победничката репрезентација, додека на спротивната страна Јонас Јосеф беше прв стрелец со шест погодоци.
Црногорците освоија голем бод во квалификацискиот циклус, откако одиграа реми на гостувањето во Унгарија, 29:29.
Бранко Вујовиќ со осум погодоци беше прв стрелец во репрезентацијата на Црна Гора, шест имаше Лука Радовиќ, а пет додаде Стефан Чавор.
Кај Унгарија, прво име беше искусниот Бенце Банхиди, кој постигна шест погодоци.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП, 4. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
БЕЛГИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 24-27
ЛИТВАНИЈА – ЕСТОНИЈА 35-28
ХОЛАНДИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 31-32
ШВАЈЦАРИЈА – ТУРЦИЈА 30-27
СЛОВАЧКА – ФИНСКА 25-26
ХРВАТСКА – ЧЕШКА 36-20
УНГАРИЈА – ЦРНА ГОРА 29-29
ИТАЛИЈА – ЛЕТОНИЈА 41-30
УКРАИНА – КОСОВО 36-25
РОМАНИЈА – ИЗРАЕЛ 29-26
СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 38-27
ПОРТУГАЛИЈА – ПОЛСКА 32-27
20:00 БИХ – ГРУЗИЈА
20:00 ШПАНИЈА – СРБИЈА
Литванија на чекор до ЕП, Фарски Острови триумфално среде Холандија
Исланд повторно ја декласираше Грција, Германија не дозволи нов кикс против Австрија