Хрватска разиграна – „коцкестите“ ја наполнија мрежата на Италија пред СП

Еден од домаќините на Мундијалот, Хрватска, имаше победнички старт на подготовките за СП на кое влегуваат со големи амбиции.

Избраниците на Дагур Сигурдсон славеа против Италија со 36-20 предводени од голманот Иван Пешиќ, кој уште во првиот дел запиша 12 одбрани. Во вториот дел и Матија Шпикиќ имаше одлична партија, па Италијанците немаа шанси за камбек.

Уште на стартот домаќините се одлепија на плус пет, 8-3, откако лесно реализираа крилата Шоштариќ и Јелиниќ, и потоа се беше полесно.

На паузата беше 15-10, во вториот дел шанса добија оние со помала минутажа и на крајот Италијанците од Пореч си заминаа со полна мрежа голови.

Катар на Веселин Вујовиќ ја победи Аргентина со 30-25, а овие две селекции утре ќе одиграат уште еден натпревар.

Тунис, за кој играат Маргели од Вардар и Хосни од Еурофарм Пелистер, прослави двоен триумф над Кувајт, кој пак претходно имаше победа и пораз во двомечот со Италија.

Пријателски натпревари пред СП, резултати:

Кувајт – Италија 30-29
Италија – Кувајт 31-28
Македонија – Нови Београд 85-44
Македонија – Динамо Панчево 51-46
Тунис – Кувајт 37-31
Аргентина – Катар 25-30
Тунис – Кувајт 35-34
Хрватска – Италија 36-20
Македонија – Србија