Хрватите спремаат спектакуларна ждрепка – ќе пее и евровизиската ѕвезда Бејби Лазања

Машката сениорска репрезентација на Македонија утре ќе дознае против кои репрезентации ќе игра во групната фаза на Светското првенство 2025, на кое ко-организатори се Данска, Норвешка и Хрватска.

Утрешата ждрепка, која ќе започне со почеток од 19:30 часот, ќе се одржи во хрватската престолнина Загреб. Извлекувањето ќе биде во концертната сала „Ватрослав Лисински“, а Хрватите најавија спектакуларна ждрепка.

Според најавите, на ждрепката треба да присуствува и евровизиската ѕвезда Бејби Лазања, кој ја претставуваше Хрватска на годинешното евровизиско издание во Малме.

Мундијалот 2025 ќе се игра во Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин од 14 јануари до 2 февруари.

Македонија како што беше објавено и претходно, а сега е потврдено, ќе биде дел од третиот шешир пред ждрепката. Иако беше за очекување, дека Хрватска, каде што се играат четири групи, ќе ја распредели Македонија во Загреб, Пореч или Вараждин, тоа не се случи.

Покрај Хрватска, „домаќин“ во Загреб ќе биде Словенија, во Вараждин ќе биде Унгарија, додека во Пореч, тоа ќе биде Австрија.

Македонија оди во ждрепка, па покрај трите хрватски града, ќе има опции да се падне и во Хернинг или Осло. Данците покрај нив, во Хернинг ги смести и Германците, додека Норвежаните се решија за Швеѓаните, како многу логично решение.

Македонија од трет шешир во ждрепка за СП – може да игра во Хернинг, Осло, Загреб…