, Hrvatska vs Italija, prijateljska utakmica, , Hrvatska vs Italija Pula, Croatia, 29.12.2022., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Хрватите немаат селектор, ама објавија список пред квалификациите за ОИ

Хрватскиот ракометен сојуз, според обврската што ја има кон Светската ракометна федерација (ИХФ) и организаторите на олимписките квалификации, објави поширок список на играчи.

Бидејќи Хрватска се уште нема избрано селектор, а тоа се очекува да се случи во следниот период, идниот селектор на „коцкестите“ од поширкиот список ќе ги одбере играчите кои ќе ги води во Хановер, соопшти хрватската ракометна куќа.

На списокот се наоѓаат неколку нови имиња, меѓу кои и Јаков Гојун и Марко Копљар, двајца специјалисти за одбрана. Иван Мартиновиќ, кој заработи повреда на Европското првенство, исто така е меѓу 35-те кандидати, како и Давид Мандиќ и Јосип Шарац, кои поради повреда не настапија на континенталниот собир во Германија.

Во наредниот период ќе се знае кој ќе биде наследникот на Горан Перковац, кој пред неколку дена доби отказ поради остварените резултати на ЕП. Најблиску до селекторското место е исландскиот стратег Дагур Сигурдсон. Доколку има договор меѓу ХРС и Сигурдсон, ќе биде првпат во историјата Хрватска да има селектор-странец.

Хрватска на олимписките квалификации е во група заедно со репрезентациите на Германија, Алжир и Ангола. Најдобрите две репрезентации ќе обезбедат билет за учество на најголемата спортска манифестација.