Холанѓаните ќе се жалат во ИХФ – македонските навивачи наводно го плукнале Олсон!

Холандија славеше против Македонија со 37-32 во второто коло од Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Црна дамка на овој натпревар фрли данската арбитража, а по крајот холандските репрезентативци и судиите заедно ја напуштија церемонијата кога требаше да биде прогласен МВП.

Откако Ракометната федерација на Македонија најави жалба до ИХФ за арбитражата, сега и федерацијата на Холандија најави дека ќе се жали до ИХФ, но поради македонските навивачи.

Како што пренесува холандскиот „Нос“, еден од македонските навивачи наводно го плукнал селекторот на „лалињата“, Штафан Олсон, а тоа на тамошните медиуми им го потврдиле од федерацијата.

Сепак не потенцираат дека и тие ги провоцираа македонските навивачи на излезот од теренот, кој го напуштија иако никој од ИХФ не ги советуваше да го направат тоа.