Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција заврши реми, 29-29, иако и двете екипи имаа шанси да постигнат победнички погодок.
Тренерот на данскиот тим Гудмундур Гудмундсон, генерално е задоволен од изданието на неговите избраници.
„Беше многу тежок меч, како што очекувавме. Среќен сум поради нашата игра, игравме добро во првиот дел, бевме уште подобри на стартот на вториот дел, имавме ширина и генерално сум задоволен од изданието. Ние сме нов тим во Лигата на шампионите, освоивме бод, ќе бидеме уште подобри во иднина“, вели Гудмундсон.
Беккот Мадс Андерсен вели дека тој и неговите соиграчи правеле грешки во клучни моменти.
„Беше тежок натпревар со многу емоции, се обидовме да го дадеме најдоброто од себе, можеби направивме некои грешки во клучни моменти, губевме два разлика, направивме пресврт, имавме шанса за победа, но на крајот задоволни сме од освоениот бод.
Екс пелистерецот Реине Табода вели дека мора да бидат задоволни со освоениот бод.
,,Атмосферата беше прекрасна, многу добра атмосфера, мораме да биде задоволни со еден поен, на крајот успеавме да одиграме нерешени, така што мора да бидеме задоволни со еден поен”.
Следен предизвик за Фредериција ќе биде гостувањето кај полскиот првак Висла Плоцк.