По поразот од Чаир на домашен терен, Куманово се врати на победничките патеки во Женската лига откако славеше на гости кај Пелистер со 23-15.
Голманката Симона Грујовска имаше одлична вечер, успеа да одбрани 20 удари на битолчанки и да му помогне на Куманово да се врати дома со трите бода.
Избраничките на Славиша Димитријески по првиот дел водеа со 11-5, битолчанки се заканија во вториот дел и намалија на минус два во еден момент.
Сепак немаа доволно сили домаќинките за нешто повеќе и комплетен камбек во мечот, па Куманово предводен од Грујовска, успеа да одработи за трите бода.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Зечевиќ со седум и Ѓошевска со пет гола, додека кај Пелистер, Рујановска запиша шест погодоци.