Ѓорчепетровки со пораз се простија од Европа

Македонија остана без клуб што ќе се бори за медал во европските купови, откако женскиот шампион Ѓорче Петров и по вторпат беше празен од шпански Елче, овојпат со 37-18 (16-10) во четвртфиналето од ЕХФ европскиот куп.

Нашите ракометарки направија чекор во однос на претходните сезони, го подобрија и својот рејтинг во Европа, но кога стигнаа во Топ8 во ЕХФ Европскиот Куп налетаа на силен тим што сигурно ќе се бори за финале. Двата дуели со Елче ќе им бидат добра поука и можност да видат каде грешат, и тоа да го искористат во домашното првенство за одбрана на титулата.

Брзи и прецизни, со добро воиграни акции. Така изгледаа шпанките на терен. Се „држеше“ Ѓорче Петров некаде до 20. минута од мечот кога разликата беше 11-9, во рамките натие 1-2 гола што гостинките постојано ги имаа на свое конто. А потоа со серија од 3-0, и неколку не реализирани нападо им овозможија на шпанките набрзина да „скокнат“ на 14-9 во 27 минута. Тоа беше период во кој се реши и победникот. Брзо, прецизни додавањ аи акции од кои не грешеа, беше одликата на гостинките. Се што им се укажа како можност го искористија.

Ја имаа гостинките и расположената Марисол Каратиу Санторо која имаше 11 успешни одбрани и плус одбранет седмерец. Од нив половина токму во периодот кога Се направи високата предност. На спротивната страна Матеа Чурлоновска седумпати ги сопре упатените топки кон нејзе, вклучувајќи и еден пенал.
Онаму каде застана Карату Санторо продолжи нејзината замена, Никол Моралес која имаше исто така двоцифрен број на одбрани, вкупно 13, и процент на одбранети топки од над 60 отсто.

Ѓорче – Елче

Но, квалитеот беше на страна на гостинките. Немаше дилеми околу победникот и во вториот дел, па откако на половина од второто полувреме разликата веќе беше „плус 13“ немаше време за пресврт. Беа немилосрдни во секоја акција, најавувајќи дека и во Скопје ќе има висока победа за нив.

Емилијана Ризоска со 4 гола, и Марија Јанкуловска и Ива Божиновска со по 3 гола беа најпрецизни кај Ѓорче Петров. Во тимот на Елче, двоцифрена со голови, 10 беше Клара Гаско Аранз, а Алехандра До НАсчименто даде седум гола.