Актуелниот бранител на титулата во Женската лига, тимот на Ѓорче Петров, во заостанатиот натпревар против Скопје од 8.коло славеше убедлива победа, која беше изразена со 22 гола разлика, 40:18.
Избраничките на Симе Симовски иако во неделата го играа првиот дуел против Ојпен во Европскиот Куп, денес како на тренинг одиграа со тимот на Скопје, кој беше формално домаќин во спортската сала “Христо Батанџиев“ и уште во воведниот дел ја најавија победата.
Ѓорчепетровки бргу поведоа со 6:2, започнаа од минута во минута да да го зголемуваат водството и на полувреме заминаа со 12 гола разлика, 21:9. Вториот дел беше повеќе формалност и полесен тренинг за „лавиците“.
Најефикасна на натпреварот беше ракометарката на Ѓорче Петров, Емилијана Ризоска, која постигна 12 погодоци.
Во поразениот табор се истакна Нина Неделковска со седум реализации, останатите ракометарки постигнаа помалку од три гола.
Ѓорче Петров во недела ќе го одигра реваншот против белгискиот Ојпен и доколку успее да го елиминира, тогаш македонскиот шампион ќе игра осминафинале во Европскиот Куп.
За потсетување, тимот на Ѓорле Петров на првата средба триумфираа со шест гола разлика, 45:39.