Голужа се врати во Хрватска – ќе води тим што се бори за опстанок

Хрватската легенда Славко Голужа го заврши ангажманот во Кувајт и се врати во татковината каде веќе најде нов ангажман.

Тој по работата во Ал Кадсија од Кувајт, од јануари 2025 ќе го преземе составот на Вараждин, кој ќе игра во плеј-аутот.

Голужа претходно беше тренер на Загреб во два наврати, ги водеше Сисција и словачкиот Татран Прешов, a беше селектор и на Хрватска пет години.

Секогаш кога најдобрите македонски клубови бараа нови тренери, името на Голужа се споменуваше меѓу кандидатите, но никогаш досега нема водено клуб од нашата држава.