Голден Арт: Не се може против…!

Екипи во оваа лига упорно се жалат од судии, но ништо не се превзема, до кога ќе биде вака и ке се диктира кој кога ќе победи и како ке победи.

Се зголемува бројот на клубови кои го креваат гласот сметајќи дека намерно или не имаат лошо судење, и тоа во континуитет, а ништо не се презема да се подобар условите за играње. Сега се огласи и РК Голден Арт кој загуби на гостувањето во Прилеп, 23-26 но скопјани сметаат дека не може да се игра против се!

Ракометната федерација на Македонија постојано се соочува со поплаки од клубовите, но секогаш се наоѓа изговор, и се носат одлуки со кои федерацијата и нејзините органи се во право, а клубовите упорно укажуваат на бројните проблеми. Но, засега нема поместување од точката од која клубовите, кои се главните учесници на сите лиги би биле задоволни и не би ги спомнувале РФМ и нејзините ограни за многуте проблеми и забелешки.

„Треба да се запрашаме сите во ракометот, какви судии ни судат, дали се компетентни да судат, дали им влијае нешто и некој над навните одлуки во текот на натпреварите. ГолденАрт е оштетен овој плеј-аут премногу пати, контраверзни одлуки против нас на натпреварите против Мултиесенс и на првиот и на вториот дуел, на натпреварот во гости со Неготино, контраверзни одлуки и на натпреварот кој го игравме дома против МРК Куманово, се вели во објавата на клубот на нивната официцијална Фејсбук страница.

Во прилог прочитајте ја целата објава на РК Голден Арт на нивната ФБ страница.

РК Голден Арт загуби на гостувањето кај Прилеп со конечни 26-23 (11-13). Во изедначен натпревар каде што домаќините ги контролираа првите 20 минути, успеавме да се вратиме и да го завршиме полувремето со позитива од 2 гола. Во вториот дел се играше гол за гол па потоа почна судиското “Шоу”.

Не се може против сѐ, не се може против публика која физички ги напаѓа нашите играчи, не се може против делегат кој одбива да го внесе истиот инцидент во официјална изјава за натпреварот, со образложение “па не доби вашиот играч удар од публиката, го промашија”, а што ако нашиот играч добиеше удар? Само тогаш ли ќе има последици?

Не се може ниту пак против судии кои се однесуваат НЕ-професионално, кои вербално се пресметуваат самите меѓу себе за судиски одлики кои они ги свирнале, саркастички коментираат кон нашите играчи на среде натпревар. Треба да се запрашаме сите во ракометот, какви судии ни судат, дали се компетентни да судат, дали им влијае нешто и некој над навните одлуки во текот на натпреварите.

ГолденАрт е оштетен овој плеј-аут премногу пати, контраверзни одлуки против нас на натпреварите против Мултиесенс и на првиот и на вториот дуел, на натпреварот во гости со Неготино, контраверзни одлуки и на натпреварот кој го игравме дома против МРК Куманово. Дали навистина “Следи контрола” за судискиот пар, или пак никој ништо не контролира и се си поминува.

Екипи во оваа лига упорно се жалат од судии, но ништо не се превзема, до кога ќе биде вака и ке се диктира кој кога ќе победи и како ке победи. Како може да НЕ се одреди системот на натпреварувањето пред почетокот на сезоната, туку да се чека и да се чека од страна на Натпреварувачката Комисија зад затворени врати да диктира и да одреди колку екипи ќе одпаднат и останат, место тоа да се случи транспарентно во договор со сите клубови пред почетокот. На што се сведува ракометот во Македонија?

Следен натпревар на нашата екипа е на гостински терен кај екипата на МРК Куманово.