Тимот на Елче е на добар пат да го освои трофејот во третото по ранг европско клупско натпреварување – Европскиот Куп.
Елче, кој во четвртфиналето го елиминираше македонскиот шампион Ѓорче Петров, го доби првиот финален натпревар против Јувента Михаловце.
Шпанскиот тим пред својата публика триумфираше со 22:20 и на реванш дуелот во Словачка ќе ги брани двата гола предност.
Реванш дуелот, по кој ќе се знае кој ќе биде новиот сопственик на трофејот во Европскиот Куп, е закажан за 24 мај во Михаловце.
Ланската сезона на трофеј во Европскиот Куп се радуваше турскиот Коњалти, додека второпласиран беше Атлетико Гуардес.