Тимот на Кастриоти, кој е предводен од македонскиот стратег Владимир Глигоров, оствари убедлива победа во шампионатот на Косово.
Кастриоти славеше без никакви проблеми на гостувањето кај Трепча со 50-28 во натпревар од 22 коло.
Тимот на Глигоров пред стартот на плеј-офот се наоѓа на третото место на табелата со 28 бода зад лидерот Раховеци и Беса Фамгас, а пред Трепча која има 26.
Минатата недела Кастриоти, кој со македонскиот стратег цели кон место во Европа, оствари голем успех и обезбеди место во полуфиналето на Купот на Косово.