Главните фаворити во форма пред стартот на Мундијалот

Женските репрезентации ги привршуваат подготовките за настапот на претстојното Светско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Сите фаворити на СП, забележаа победи на пријателските натпревари и подготвени ќе го дочекаат Мундијалот.

Единствено селекцијата на Шпанија, имаше непријатно изненадување од Јапонија, па ги совлада Србија и Аргентина, но мораше да се задоволи со второто место на домашниот турнир.

Светскиот првак Норвешка, како загревање пред стартот на одбраната на титулата, ги победи Полска, Ангола и Исланд, додека Германија и Шведска имаа по еден триумф на меѓусебните две средби.

Третиот домаќин на СП, Данска, забележа две победи над Бразил, додека Романија го освои „Трофеј Карпати“ со три победи над Австрија, Португалија и Швајцарија.

Пријателски натпревари, резултати:

Чешка – Словачка 27-23
Португалија – Швајцарија 32-34
Србија – Јапонија 22-38
Хрватска – Конго 33-23
Данска – Бразил 34-24
Романија – Австрија 41-35
Норвешка – Исланд 31-21
Шпанија – Аргентина 26-20
Холандија – Унгарија 25-23
Ангола – Полска 30-33
Јапонија – Аргентина 29-21
Шпанија – Србија 24-18
Камерун – Сенегал 16-22
Норвешка – Полска 27-25
Белорусија – Русија 24-34
Холандија – Унгарија 32-34
Данска – Бразил 33-16
Шведска – Германија 30-23
Франција – Кореја 36-19
Исланд – Ангола 24-27
Црна Гора – Конго 33-26