Репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел, пред неколку дена го продолжи договорот со бундеслигашот Фуксе Берлин.
Данецот, кој во редовите на ,,лисиците” ќе остане најмалку до летото, 2029 година, си доби и побогат договор.
Како што пишува германскиот портал „Билд“, платата на Гидсел сега ќе биде 50.000 евра месечно.
Иако за Гидсел беа заинтересирани неколку моќни клубови, сепак, тој реши да ја продолжи соработката со клубот од Берлин.
Идниот селектор на Италија, Боб Ханинг, кој моментално ја извршува функцијата управен директор во Фуксе Берлин, изјави дека Гидсел не е многу платен.
,,Матијас Гидсел не е премногу платен, тој дури е далеку од тоа што неколку клубови би платиле за него, сигурно ќе заработуваше повеќе во клубови како Веспрем или ПСЖ”.
Побогат договор – еве колку ќе заработува Гидсел секој месец