Тимот на Лада Тољати со реми кај Динамо Синара, 27-27, ја стартуваше новата сезона во рускиот шампионат.
За составот од Тољати, официјалното деби го имаше и македонската репрезентативка Леонида Гичевска.
Левиот бек на теренот мина околу дваесетина минути, кои ги доби од тренерот Екатерина Мареникова.
За тоа време Гичевска успеа да погоди четири пати од четири удари кон противничкиот гол и беше втор стрелец во тимот.
Следен предизвик за Гичевска и Лада Тољати ќе биде домашниот натпревар против шампионот ЦСКА Москва.