Германците не препуштаат ништо на случајот – уште двајца ракометари на готовс

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон, се соочува со проблеми пред стартот на Европското првенство на кое се домаќини.

По повредата на Мариан Михалчик, Гисласон остана со 17 ракометари во конкуренција, но во последен момент се повредија крилата Патрик Грецки и Руне Дамке.

Грецки отпадна од комбинација и нема да игра на ЕП, а повредата на Дамке не е толку сериозна и останува на тренинзите.

Но Гисласон не препушта ништо на случајот и веднаш ги повика десното крило на Лемго, Лукас Цербе, како и левото крило Тим Нотдурфт од Бергишер.

Сепак тие нема да се приклучат на тренинзите веднаш, туку ќе тренираат со своите клубови, а доколку евентуално се појави потреба да „влетаат“ во составот за некој натпревар ќе пристигнат веднаш, бидејќи првенството се игра во Германија.