Германците им ги продолжија договорите на селекторите – Гисласон останува до 2027, Гаугиш до 2026

Германската ракометна федерација објави дека се продолжени договорите со актуелните селектори на машката и женската репрезентација.

Иако судбината на Алфред Гисласон требаше да биде позната по олимписките квалификациите, сепак Германците решија да не чекаат дали ќе обезбедат место на ОИ и му го продолжија договорот до 2027 година.

Низ медиумите се споменуваше негова смена, контакти со Дагур Сигурдсон и Бенет Вигерт, но нема ништо од тоа и Гисласон ќе остане селектор.

Кај дамите, Германија ќе биде предводена од актуелниот селектор Маркус Гаугиш до 2026 година. Женската репрезентација избори квалификации за ОИ и се наоѓа на чекор до обезбедување место на ЕП.