Факти и бројки за ЕП – домаќин само еднаш освоил титула, Карабатиќ по четврто злато, никој како Чесите…

На 16. Европско првенство во машка конкуренција ќе имаме две премиери: Германија првпат во својата историја ќе биде организатор на ЕП, и првпат само една земја ќе биде домаќин откако Европското првенство е проширено на 24 репрезентации. Најтрофејната Шведска ќе биде бранител на титулата, Никола Карабатиќ може да собори неколку рекорди на своето последно учество на ЕП, и три репрезентации ќе го имаат своето деби на Европските првенства. Ви ги претставуваме најзначајните факти и бројки во врска со ЕП 2024.

1 – Првпат Европското Првенство ќе биде одржано во Германија.

1 – Првпат откако 24 репрезентации учествуваат на ЕП, само една земја е домаќин на истото.

1 – домаќин само еднаш го има освоено златниот медал – Шведска, далечната 2002 година.

1 – репрезентација успеа три пати по ред да триумфира на Европското првенство- Шведска во 1998, 2000, 2002. Шпанија беше блиску до такво остварување но беше поразена во финалето на ЕП 2022 од Шведска, откако освои злато во 2018 и 2020.

1Германец бил прогласен за МВП – Даниел Штефан во 1998, а Томас Кнор, таткото на сегашниот германски репрезентативец Јури Кнор, е единствениот Германец кој бил најдобар стрелец на ЕП, постигнувајќи 41 гол во Шпанија 1996 година.

1 – еднаш на ЕП тројца ракометари ја поделија наградата најдобар стрелец, на ЕП 2008 година – Ивано Балиќ (Хрватска), Ларс Кристијансен (Данска) и Никола Карабатиќ (Франција), откако сите по 44 голови, и сите тројца беа освојувачи на медали.

1 – само една машка репрезентација беше Европски, Светски и Олимписки шампион во исто време – Франција во 2010 и 2015 година.

1 – најдобар стрелец, Ларс Кристијансен на ЕП 2008, во исто време е освојувач и на златен медал на истото ЕП.

1 – еден ракометар, а да не е Швеѓанец може да стане прв освојувач на четири ЕП –  Французинот Никола Карабатиќ, кој го освојуваше ЕП во 2006, 2010 и 2014.

1еден Данец, Ханс Линдберг, може по трет пат да го освои ЕП, по 2008 и 2012.

2 – два пати во историјата на  Европските првенства најдобриот стрелец исто бил и МВП на првенството – Никола Карабатиќ во 2008 и Филип Јиха во 2010.

2 – двајца сегашни селектори од 24 репрезентации учеснички на ЕП биле шампиони како ракометари – Штафан Олсон (селектор на Холпандија со Шведска) и францускиот селектор Гијом Жил со Франција.

2 – двајца селектори успеаја да го освојот ЕП со друга репрезентација, а не со својата матична земја – Исланѓанецот Дагур Сигурдсон со Германија во 2016 и Норвежанецот Глен Солберг со Шведска во 2022.

3 – три репрезентации учествувале на сите 16 Европски првенства заклучно со ЕП 2024 – Франција, Хрватска и Шпанија, а Данска, Германија и Шведска ќе настапат на своето 15 Европско првенство.

3 – три репрезентации на ЕП 2024 ќе го запишат своето деби на Европските првенства – Грција, Грузија и Фарски острови.

3 – три репрезентации победија на сите шест квалификациски натпревари за пласман на ЕП во Германија 2024 – Франција, Португалија и Австрија.

3 – три пати Хрватска беше финалист на ЕП, но никогаш не успеа да го освои ЕП.

3 – секој пат кога Франција успеа да се пласира во финалето на ЕП, успеа да го освои – 2006, 2010 и 2014.

3 – тројца различни чешки ракометари беа најдобри стрелци на Европските првенства – Јан Филип, Филип Јиха и Ондреј Здрахала, а ниедна друга репрезентација нема поголем број најдобри стрелци.

3тројца ракометари два пати ја добиле наградата МВП – Ивано Балиќ, Никола Карабатиќ и Џим Готфридсон.

3 – три репрезентации успеале да бидат носители на сите три медали на Европските првенства – Германија, Данска и Шпанија. Франција никогаш нема освоено сребро, Шведска и Русија никогаш не освоиле бронза, Хрватска никогаш не го освоила златото.

4четири домаќини на Европските првенства се пласирале во финалето но го освоиле сребрениот медал – Шпанија во 1996, Словенија во 2004, Србија во 2012 и Данска во 2014.

4 – четворица шведски ракометари ја освоиле наградата МВП на Европските првенства – Магнус Андерсон во 1994, Магнус Висландер во 2002 и Џим Готфридсон во 2018 и 2022.

5 – Шведска е петкратен европски шампион што ги прави рекордери на Европските првенства, а после 20 години пост тие го освоија својот последен трофеј во 2022.

5 – пет шведски ракометари биле четирикратни европски шампиони – Ола Линдгрен, Штафан Олсон, Штефан Ловгрен, Магнус Висландер и Мартин Франдесјо.

6 – шест различни репрезентации биле европски шампиони – Шведска, Русија, Германија, Франција, Данска и Шпанија.

6 – шест градови ќе бидат домаќини на ЕП 2024 во Германија – Дизелдорф, Минхен, Берлин, Манхајм, Хамбург и Келн.

9девет медали има освоено Шпанија на ЕП, со што се наоѓа на врвот како најтрофејна, пред Данска (7), Шведска и Хрватска (двете по 6).

12 – 12 различни репрезентации имаат освоено медали на Европските првенства – Шведска, Русија, Германија, Франција, Данска, Шпанија, Хрватска, Србија, Словенија, Југославија, Норвешка и Исланд.

1313 голови е најголемата разлика во едно финале на ЕП, откако Шведска ја победи Русија со 34-21 на ЕП во Португалија 1994 година.

1515 ЕП беа одржани во 15 различни држави. Хрватска е единствена држава која била домаќин на две Европски првенства (2000 и 2018).

17 – 17 држави беа претставувани во Ол-стар тимовите почнувајќи од 1994 година.

19 – 19 репрезентации кои се квалификуваа на ЕП 2024 во Германија, беа дел од претходното ЕП во 2022.

24 – Европското Првенство 2024 ќе биде трето по ред на кое учествуваат по 24 репрезентации, по ЕП 2020 и ЕП 2022.

28 – Романија чекаше 28 години за своето трето учество на Европските првенства, по настапот во 1994 и 1996.

65 – 65 голови постигна Норвежанецот Сандер Сагосен на ЕП 2020 во Шведска, Норвешка и Австрија со што стана најдобар стрелец во историјата на Европските првенства.

7171 натревар на Европските првенства е рекорд во сопственост на Никола Карабатиќ, а таа бројка ќе биде зголемена по одржувањето престојното ЕП .

100 – третиот натпревар од прелиминарната рунда во Берлин против Франција ќе биде 100 натпревар на Европските првенства за домаќинот Германија. До денес имаат биланс 51 победи, 12 нерешени и 34 порази.

288288 голови има постигнато Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон на Европските Првенства, а неговиот рекорд може да биде соборен на ЕП во Германија од страна на  Никола Карабатиќ кој досега има постигнато 279 голови.

20.000 – толку е капацитетот на Ланксес Арена во Келн, најголемата арена на ЕП 2024, и втора најголема во историјата на натпреварувањето после Арената во Будимпешта која има капацитет од 20,022 гледачи, а еднаква со Белградска Арена (EП Србија, 2012).

50.000повеќе од 50.000 гледачи ќе го соборат светскиот рекорд на публика на еден ракометен натпревар, на отворањето на ЕП 2024 во Дизелдорф.