Европскиот првак се извлече во Дебрецен, ЧСМ Букурешт триумфално во Љубљана

Денеска со натпреварот меѓу Битигхјам и Икаст завршија првите дуели од осминафиналето во Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Блиску до голема сензација беше Дебрецен, но унгарскиот тим не издржа против актуелниот првак Вајперс Кристијансад, загуби со 29:28.

Екипата на Крим, во која настапуваат екс членките на Вардар, Тамара Мавсар, Алисон Пино и Јованка Радичевиќ, доживеа пораз од ЧСМ Букурешт со шест гола разлика, 30:24.

Словенечкиот шампион на реванш дуелот, кој ќе биде одигран следниот викенд во романската престолнина, ќе мора да даде повеќе од потребното, односно да победи со најмалку седум гола разлика.

Ференцварош на Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ остана во игра за пласман во четвртфиналето, откако минимално загуби од Брест Бретањ со 30:28.

Директен пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на Ѓер, Есбјерг, Мец и Оденсе.

Лига на шампиони, осминафинале, резултати:

Дебрецен – Вајперс 28:29 (16:16)
Битигхјам – Икаст 29:27 (13:14)
Крим – ЧСМ 24:30 (12:18)
ФТЦ – Брест Бретањ 28:30 (15:15)

Сите четвртфиналисти ќе бидат познати по одигрувањето на реванш дуелите, кои се закажани за 23/24 март.

Во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лига на Европа, беа одиграни првите четвртфинални дуели.

Најблиску до пласман на Ф4 турнирот е екипата од Романија, Дунареа Браила, која на првиот дуел против Подравка славеше со 32:26.

Лига на Европа, четвртфинале, резултати:

Турингер – Сторхамар 35:39 (17:19)

Нант – Сола 31:27 (16:15)

Подравка – Дунареа 26:32 (13:21)

Мошонмаѓаровар – Бузау 30:32 (12:14)

Реванш дуелите од четвртфиналето во Лигата на Европа се закажани за 23/24 март, по што ќе бидат познати сите полуфиналисти.

Како што е познато, во рамки од Европскиот Куп, македонскиот шампион Ѓорче Петров беше елиминиран од шпанскиот Елче.

Освен Елче, пласман во полуфиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување обезбедија и екипите на Рокаса, Бенфика и Јувента Михаловце.

Европски Куп, четвртфинале, реванш, резултати: