Еве како изгледаат шеширите во Купот – кој против кого во борба за Ф4

По комплетирањето на натпреварите од елиминациското коло, познати се сите 16 екипи што ќе играат во групната фаза од Купот на Македонија.

По трите екипи кои го скокнаа ова коло – Еурофарм Пелистер, Вардар и „сино-белите“ од Автокоманда, како и двете екипи кои на „зелена маса“ запишаа победи – Пролет и „витамините“ од Автокоманда, преку елиминациите во групите се пласираа уште 11 екипи.

Според рејтингот и пласманот во минатата натпреварувачка сезона, во првиот шешир ќе бидат освојувачот на трофејот во Купот, Еурофарм Пелистер, Вардар и Охрид.

Овие четири екипи ќе бидат и главни фаворити за место на Ф4 во Купот. Меѓу екипите што ќе играат во оваа фаза има и четири прволигаши.

Натпреварите од групната фаза се на програмата на 26/27 април, додека завршниот турнир ќе се игра од 15 до 18 мај.

Куп на Македонија, елиминации:

Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
Куманово – Астраион 35-18
Охрид – Шампион 45-10
Радовиш – Скопје 44-19
Еурофарм Пелистер 2 – Драчево 40-22
Бутел Скопје – Металург РА 39-23
Аеродром – Македонија ЃП 29-28
Младост Богданци – Струга 20-21
Текстилец – Прилеп 20-38
Овче Поле – Борец ФЛ 23-27

Куп на Македонија, групна фаза:

шешир 1: Еурофарм Пелистер, Вардар, Алкалоид, Охрид
шешир 2: Тиквеш, Бутел Скопје, Пролет, Струга
шешир 3: Прилеп, Куманово, Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс
шешир 4: Аеродром, Борец ФЛ, Радовиш, Партизан Гевгелија