Иако со преполовен ростер, тимот на Еурофарм Пелистер 2, уште еднаш покажа дека нема конкуренција во Првата лига.
Избраниците на Александар Зарков триумфираа на гостувањето кај Драчево со убедливи 15 гола разлика, 37-22.
Победникот беше најавен уште по првиот дел, кога битолчани водеа со 19-9, а второто полувреме беше само формалност.
Најдобри во победничкиот тим беа Белистојаноски со десет гола, Митревски со седум и Маркоски со шест, додека кај Драчево се истакна Дука со седум погодоци.
Еурофарм Пелистер 2 ја зголеми предноста на лидерската позиција и сега има 18 бодови, пред „витамините“ од Автокоманда со 11 и Младост со 10 бода.