Екс голман на Струга смени клуб, но останува во БиХ

Поранешниот голман на Струга, Дејан Рикановиќ, ќе има нов предизвик во кариерата, но ќе остане во босанскиот шампионат.

Рикановиќ, кој во првиот дел од сезоната настапуваше за Криваја, во пролетниот дел ќе го брани голот на Градачац.

Младиот голман имаше одлични партии во дресот на Струга и беше меѓу најзаслужните за пласманот во плеј-оф фазата минатата сезона.

На интернационално ниво, освен за Струга, настапуваше и во Азија, поточно во Катар Спорт Клуб.

Својата кариера ја започна во Локомотива Брчко, а на репрезентативно ниво беше дел од младинските селекции на БиХ.