Екс член на Тиквеш ќе му прави друштво на Михаљевиќ во Васлуи

Поранешниот член на Тиквеш, Арнад Хамзиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик на интернационално ниво.

Левиот бек од Австрија ќе се пресели во Романија и таму ќе настапува за амбициозниот тим на Васлуи.

Босанскиот интернационалец, кој во суперлигашот од Кавадарци настапуваше во сезона 2022/23, беше претставен како големо засилување.

Хамзиќ во изминатата сезона го носеше дресот на Линц и со овој тим стигна до шампионска титула во националниот шампионат.

Пред извесен период со Васлуи потпиша и довчерашниот голман на Пролет, Данило Михаљевиќ.

Од Пролет во Романија – Михаљевиќ потпиша за Васлуи