ЕХФ ранкинг: Македонија е 19-та европска сила

Европската ракометна федерација ги објави рејтинзите на националните селекции по завршувањeто на СП 2025 година.

Македонија е рангирана на 19 место со просек на поени од сите четири ЕП и СП – 27,75, а најголем број поени – 44, беа освоени со настапот на СП 2025.

На врвот и натаму останува Данска со 112 бодови, додека Франција е втора со 105, а разликата со третопласираната Германија дополнително се зголеми.

Потоа следуваат Шведска, Хрватска, Унгарија, Португалија, Норвешка, Исланд и Шпанија во ТОП 10.