Европската ракометна федерација од денеска влезе во нова ера откако го доби својот нов дом во Виена.
Главниот град на Австрија е „домаќин“ на ЕХФ уште од 1992, а новата „Европска ракометна куќа“ беше отворена денеска со присуство на повеќе од 400 гости.
Просторот од 5.700 м2, ќе биде местото на функционирање на ЕХФ, нејзините 50 членки федерации и повеќе од 350 клубови што играат во европските купови.
Новиот дом на ЕХФ, кој ги исполнува највисоките стандарди за модерна работна средина, располага со канцеларии за 120 вработени, неколку соби за конференции и состаноци, ТВ студио…