„Сино-белите“ од Автокоманда славеа против Вардар Неготино со 48-28 во вториот полуфинален дуел од групата 2 во Купот на Македонија.
Момците на Кире Лазаров ќе имаат шанса да се изборат за втор настап по ред на завршницата во Купот, а пред себе ќе го имаат составот на Бутел Скопје.
Натпреварот против неготинци беше решен уште по првото полувреме, кога домаќините направија висока предност од 23-14.
Вториот дел беше само формално одработување на задачата и минутажа добија сите ракометари од двете клупи.
Најдобар стрелец кај неготинци беше Лазар Адамовиќ со 13 погодоци, додека кај победникот се истакнаа Дамјан Митев и Арно Бинго со по осум гола.
Куп на Македонија, мажи, распоред:
група 1 (Кавадарци)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 23-26
Прилеп – Мулти Есенс 23-27
Тиквеш – Мулти Есенс 32-28
група 2 (Скопје)
Бутел Скопје – Струга 24-18
Алкалоид – Вардар Неготино 48-28
24/3, 18:00, Бутел Скопје – Алкалоид
група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22-32
Радовиш – Вардар 21-42
24/3, Вардар – Голден Арт
група 4 (Охрид)
Охрид – Скопје 40-24
Еурофарм Пелистер – Куманово 40-21
23/3, 19:30, Охрид – Еурофарм Пелистер