Две засилувања во еден ден

Екипата на Рапид Букурешт, во која настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, денеска ги потврди трансферите на две нови ракометарки.

Клубот од романската престолнина ќе се засили со поранешната младинска репрезентативка на Норвешка, Лине Елертсен, и со Белорусинката Марија Коанавал, кои ќе му приклучат на тимот на лето.

Елертсен, која игра на позицијата десен бек, ќе пристигне во Рапид Букурешт од Сторхамар, клуб во кој настапувае од сезоната 2002/23.

Со своето искуство од Лигата на шампионите, 26-годишната ракометарка се очекува да биде солидно засилување за тимот.

За Марија Коанавал, потписот со Рапид Букурешт значи продолжување на нејзината кариера во романскиот шампионат, каде што веќе неколку сезони го носи дресот на Дунареа Браила