Domagoj DUVNJAK, Croatia vs Austria, Men's EHF EURO 2024 Germany, Mannheim, Germany, 14.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Дувњак: На ОИ во Париз ќе се бориме за медал

Ракометарите на Хрватска одиграа одлично на олимписките квалификации, на три натпревари остварија три победи и завршија како првопласирани во групата која се играше во Хановер.

Искусниот Домагој Дувњак вели дека на Олимписките игри во Париз неговата репрезентација ќе се бори за еден од трите медали.

,,После едно ЕП, каде што бевме 11-ти, сега покажавме дека имаме добар тим, мешавина од млади и искусни играчи. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам на Олимписките игри во Париз. Дефинитивно, повторно ќе се бориме за медал“, изјави Дувњак.

Хрватска во квалификациите за ривали ги имаше репрезентациите на Германија, Австрија и Алжир.

Избраниците на Дагур Сигурдсон уште во првото коло со победата над Австрија од 35:29 ја најавија кандидатурата за Париз.