Екипата на Висла Плоцк конечно успеа да го симне Келце од домашниот трон и по пауза од 13 години повторно стана шампион на Полска.
Составот на Хавиер Сабате и вториот финален натпревар против Келце го доби на пенали, триумфираше со 29:28 и успеа да ги обедини двете титули.
Довчерашниот шампион на Полска остана со празни раце, а тренерот Талант Душебаев за првпат во својата тренерска кариера сезоната ја заврши без освоен трофеј.
Искусниот стратег беше предводник и на некогашните гиганти – Сиудад Реал, односно Атлетико Мадрид и секогаш успеваше да освои барем еден трофеј на домашна сцена.
СЕНЗАЦИЈА: Висла вторпат го тресна Келце и стана шампион по 13 години