Душебаев: Не е важно дали играме со Еурофарм Пелистер, ПСЖ или Алборг – го имаме истиот респект за сите

Тимот на Келце по 27 години и мечот во Купот на победниците на Купови, одново гостува во Битола кај шампионот Еурофарм Пелистер.

Тренерот Талант Душебаев нема да смета на повредените Алекс Душебаев, Симон Сичко, Хасан Кадах, Андреас Вулф и Павел Пачковски, но вели дека нема да плаче и дека е подготвен за притисокот од битолската публика.

„Во Лигата на шампионите со балансирана група како нашата не е важно дали играте со ПСЖ, Алборг или Еурофарм Пелистер. Го имате истиот респект за сите, бидејќи може да победите и загубите од секој. Ќе се бориме фокусирано за важни бодови. Имаме повредени играчи, но ние сме Келце и нема да плачеме. Сметаме дека Игор Карачиќ ќе може да ни помогне. Сите ние знаеме колку тешко е да се игра на терените во Македонија и каква поддршка има од фановите. Ние сме подготвени за притисок. За нас, гласното навивање ни дава мотивација. Мислам дека нашите ривали имаат многу добар тим. Имаат ростер со искусни играчи од Бундес Лигата и од Лигата на шампионите. Нема да биде лесно. Нивниот стил на играње е микс на балкански стил и модерните трендови“, вели Душебаев.

Мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Келце се игра вечерва во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.