Македонија и Литванија утре ќе го одиграат решавачкиот натпревар за пласман на Европското првенство 2026 година.
Еден од најдобрите литвански репрезентативци, Миндаугас Думчиус, е убеден дека ништо не е загубено и дека балтичката земја во Скопје има шанса за пласман на ЕП.
„Шансите остануваат исти. Веќе еднаш ја победивме Македонија. Секако, да се игра пред македонските навивачи ќе биде многу тешко. Ништо не е загубено и имаме се во наши раце. Мора да бидеме концентрирани, да отвориме подобро отколку против Словенија, а ако биде така, се ќе биде во наши раце. Ќе биде големо разочарување ако не се најдеме на ЕП. Кога почна овој циклус, тоа беше нашата цел, а и сега останува иста“, изјави Думчиус.
Натпреварот меѓу Македонија и Литванија ќе се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.