Dragana PETKOVSKA, North Macedonia vs Hungary, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 02.12.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Драгана Петковска кариерата ја продолжува во Јувента Михаловце

Македонската репрезентативка Драгана Петковска ќе има нов предизвик на интернационална ново. 28-годишната голманка, која со Македонија настапи на Европското првенство 2024 и имаше забележителен настап на континенталниот собир, потпиша за Јувента Михаловче.

Петковска со раководството на словачкиот суперлигаш се договори на соработка до летото, 2026 година. Екипата на Јувента Михаловце на европска сцена учествува во Европскиот Куп и за ривал во осминафиналето го има тимот на ПАОК.

За двата осминафинални натпревари Петковска ќе има право на настап, бидејќи клубот од Словачка веднаш ја пријави во ЕХФ. Доколку Јувента Михаловце го елиминира ПАОК, тогаш ќе обезбеди пласман во ТОП 8.

Искусната Петковска кариерата ја започна во школата на Индира Кастратовиќ, потоа настапуваше за првиот и втор тим на Вардар. По одличните настапи за „црвено-црните“ започна да гради интернационална кариера..

Беше дел од турскиот Андерсен, како и данските суперлигаши Силкеборг и Сондерјиске. По авантурата во Данска, бранеше за српската Јагодина, израелскиот Макаби Ришон Ле Зион, грчкиот АЕК Атина и италијанскиот Салерно.