Драчево триумфално во Неготино, Преспа беше немоќна против Партизан

Екипата на Драчево славеше на незгодното гостување кај Вадар Неготино со четири гола разлика, 34:30 (17:14), во натпревар од последното коло од регуларниот дел во Првата лига.

За Драчево денешната победа беше 11-та во тековната сезона и со освоените два бода, регуларниот дел го заврши на втората позиција во групата Б.

Драчево собра 25 поени на свое конто, исто толку има и Македонија  ЃП, додека на првата позиција во групата заврши Младост Богданци, кој денес триумфираше над Шампион и дојде до 27 бода.

Скопскиот тим во победата во Неготино беше предводен од Ѓорѓи Дука, кој постигна седум погодоци, како и од Кристијан Анѓелковски, Петар Ферукоски и Димитар Петковски, тројцата имаа по шест реализации.

Кај Вардар Неготино прво име беше Петре Пеовски со девет погодоци, а осум имаше Драган Кузманов.

Партизан предводен од Горан Лисичков, кој постигна 13 погодоци, славеше над Преспа Вардар со 42:33 (21:14).

Освен Лисичков, во победничката екипа се истакнаа уште Илија Пејковски и Јован Гетов со по осум погодоци.

Во поразениот табор најрасположен за игра беше Никола Тасевски со девет реализации.