Драчево се израдува на четврти триумф

Ракометарите на Драчево во рамки од 5. коло од Првата лига на свој терен беа убедливи против Текстилец со 36:16.

Клубот, кој во минатата сезона играше бараж за елитата, новите три бода ги обезбеди уште по првите 30 минути игра.

Избраниците на Настевски на пауза заминаа со 16:7 и во ист ритам продолжија и во вториот дел.

Најефикасни во победничката екипа беа Димитар Петковски со десет и Филип Дабевски со осум погодоци. Кај гостите од Штип се истакна Марјан Сарашов со пет реализации.

Драчево со новата победа за момент го презеде лидерското место во групата А и е на добар пат да обезбеди пласман во плеј-оф фазата.