Драчево го совлада Шампион за „два од два“

Тимот на Драчево, кој во ланската сезона играше бараж за влез во Супер лигата, ја запиша втората победа во прволигашката конкуренција.

Избраниците на Велимир Настески во натпревар од 2. коло го совладаа Шампион со 11 гола разлика, 35:24.

Шампион имаше сили само за првото полувреме, кое заврши со минимална предност за домаќинот од 14:13, додека во вториот дел поискусниот тим влезе во ритам и дојде до посакуваните бодови.

Најдобар поединец во составот на Драчево беше Филип Дабевски со 13 погодоци. Во поразениот табор се истакна Стефан Огненовски со десет реалзиации.