Драчевци постигнаа 54 гола во Велес!

Тимот што минатата сезона загуби во баражот за Супер лига, Драчево, победнички стартуваше во Првата лига.

Избраниците на Велимир Настески победија на гости кај некогашниот шампион Борец од Велес со 54-19.

Победникот беше решен уште по првиот дел кога гостите водеа со 16 гола разлика, 25-9, а потоа се беше формалност.

Најдобри стрелци кај победничкиот тим беа Филип Дабевски со 15 и Димитар Петковски со 12 гола, додека кај Борец се истакна Леон Ристов со осум погодоци.