Димитров стрелаше 11 пати, Куманово без мака го елиминира Астраион

Ракометарите на Куманово без многу мака и со убедлива победа се пласираше во групната фаза од Купот на Македонија.

Избраниците на Љубиша Димковски, кој им даде шанса на оние што имаат помала минутажа, славеа против прволигашот Астраион со 35-18.

Победникот беше најавен уште на стартот, кога домаќините поведоа со 5-1, а беше потврден до паузата, кога беше 18-9.

Второто полувреме беше само формалност, но и покрај тоа Куманово одигра на ниво и успеа да го надигра комплетно ривалот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Иван Димитров со 11 гола, како и младите Ангел Арсовски и Тино Стојановски со по пет, додека кај Астраион, седум погодоци даде Кире Георгиев.

Куп на Македонија, елиминации:

Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
Куманово – Астраион 35-18
29/3, 13:00, Охрид – Шампион
29/3, 13:00, Радовиш – Скопје
29/3, 15:00, Еурофарм Пелистер 2 – Драчево
29/3, 18:00, Аеродром – Македонија ЃП
29/3, 18:00, Бутел Скопје – Металург РА
29/3, 19:00, Младост Богданци – Струга
30/3, 14:00, Текстилец – Прилеп
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ