Тимот на Ваљадолид каде што играат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, им се врати на победите во Асобал лигата.
Ваљадолид на домашен терен го победи составот на Пуенте Хенил со 27-25 во важен натпревар во битката за Европа.
Карапалевски немаше погодоци од трите обиди, додека Димитриоски стрелаше три пати од петте обиди.
Особено важни беа двата гола од пенал на Димитриоски, во моментите кога се кршеше резултатот во вториот дел.
Ваљадолид сега има 30 бода на петтото место на табелата што води во Лигата на Европа, а само три помалку од третата Бидасоа која има 33.
Следен предизвик за Ваљадолид и македонските интернационалци ќе биде дуелот со големата Барселона.