Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата македонски интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, запиша триумф во 14 коло од Асобал лигата.
Ваљадолид на домашен терен славеше против учесникот во Лигата на Европа, Адемар Леон, со 35-31, иако на паузата имаше негатива од минус еден, 16-15.
Димитриоски беше меѓу најдобрите поединци во победничкиот тим и реализираше четири пати, а головите беа меѓу клучните кога Ваљадолид ја правеше предноста во вториот дел.
Ваљадолид сега има 15 бодови и се наоѓа на осмото место во Асобал лигата, а во последното коло за оваа година ќе игра на гостински терен кај второпласираната Торелавега.