Дибиров испиша историја – го мина Карабатиќ на вечната листа на стрелци во ЛШ!

Некогашниот ракометар на Вардар и Чеховски Медведи, Тимур Дибиров, на мечот со Барселона испиша нова историја.

Тој сега е на второто место на вечната листа на стрелци во Лигата на шампионие, откако го мина Никола Карабатиќ.

Дибиров даде осум гола против каталонскиот гигант, ја мина границата од 1.200 погодоци и сега е на второто место.

Сепак лидерот Кирил Лазаров е недостижен за рускиот интернационалец. Македонската легенда има 1.482 погодоци во елитната конкуренција.