Дербито во ЛЕ со македонска арбитража: Карбеска и Илиева ќе судат во Хрватска

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на Европа.

Дербито на оваа фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе мине со македонска арбитража.

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат првиот меч меѓу хрватската Подравка и романската Дунареа Браила.

Овој натпревар ќе се одигра на 16 март со почеток во 16:00 часот во салата „Јосип Самарџија Бепо“ во Копривница.