Денеска со три натпревари ќе биде комплетирано последното, 3. коло од групната фаза на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
По комплетирањето на колото, ќе бидат познати сите учесници во главната фаза, во која за пласман во четвртфиналето ќе се борат 12 репрезентации.
Пласман во ТОП 12 досега обезбедија Унгарија, Шведска, Франција, Полска, Данска, Норвешка, Словенија и Холандија.
За преостанатите четири места ќе се борат Црна Гора, Чешка, Романија, Србија, Швајцарија, Фарски Острови, Хрватска, Германија и Исланд.
Како што е познато, македонската репрезентација настапот во групата А го заврши на третото место со еден бод, оној кој што беше освоен против Турција.
Распоред на денешните натпревари на ЕП:
18:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ ДАНСКА
18:00 СРБИЈА – РОМАНИЈА
18:00 УКРАИНА – ХОЛАНДИЈА
20:30 ЧЕШКА – ЦРНА ГОРА
20:30 ХРВАТСКА – ШАВАЈЦАРИЈА
20:30 ИСЛАНД – ГЕРМАНИЈА